Случајот МНТ
Случајот МНТ
Не можеше да се вчита достапноста за подигнување
Се случи убиство во Македонски Народен Театар! Истрагата е во тек! Дали ќе успеете да го расветлите случајот?
Повикајте ги вашите пријатели за вечерна дружба, влезете во улогата на полициски истражувачи, отворете ја папката и преку доставената евиденција одгатнете ја мистеријата околу убиството на Олга Силјанова, актерка во Македонскиот Народен Театар. Кој ја уби? И зошто?
ИГРА ВО ДВЕ ФАЗИ
Оваа игра се состои со две фази или цели кои носат до два различни краеви – успех или неуспех при расветлувањето на случајот. Повеќе инструкции ќе добиете со самото играње. Нема ограничен број на играчи, но препораката е помеѓу 2 или 4 лица за најдобро искуство.
ШТО СОДРЖИ ИГРАТА?
Играта ги содржи извештаи за распит од вклучените во истрагата, просторен план, распоред, копија од email комуникација, дневник за пристап, запис и слично – сите упатства, евиденција и насоки кои ќе ви се потребни за да го расветлите случајот.
ЗА КОГО Е ОВАА ИГРА?
Оваа игра, наменета за истражувачи почетници, е на релативно лесно ниво и ќе послужи како вовед кон наредните игри на мистерија кои планираме да ги издадеме. Преку самата „истрага“, играта ќе ве води од почетокот до крајот и резултатот може да биде успешен или неуспешен, во зависност од тоа какви одлуки сте направиле.
Приказната е фиктивна и сите ликови се измислени. Секоја сличност со вистински луѓе е случајна и ненамерна.
ШТО ЌЕ ДОБИЕТЕ?
Во пакетот со играта ќе ги пронајдете сите нешта и инструкции потребни за да ја спроведете истрагата – извештаи од распити, дневници за пристап, мапи и останата евиденција.
Сподели


