Скокни до информациите за производот
1 од 4
25+ задоволни купувачи

Случајот МНТ

Случајот МНТ

Редовна цена 550 денари
Редовна цена 850 денари Продажна цена 550 денари
Намалено Распродадено
Количина

Се случи убиство во Македонски Народен Театар! Истрагата е во тек! Дали ќе успеете да го расветлите случајот?

Повикајте ги вашите пријатели за вечерна дружба, влезете во улогата на полициски истражувачи, отворете ја папката и преку доставената евиденција одгатнете ја мистеријата околу убиството на Олга Силјанова, актерка во Македонскиот Народен Театар. Кој ја уби? И зошто?

 

ИГРА ВО ДВЕ ФАЗИ

Оваа игра се состои со две фази или цели кои носат до два различни краеви – успех или неуспех при расветлувањето на случајот. Повеќе инструкции ќе добиете со самото играње. Нема ограничен број на играчи, но препораката е помеѓу 2 или 4 лица за најдобро искуство.

 

ШТО СОДРЖИ ИГРАТА?

Играта ги содржи извештаи за распит од вклучените во истрагата, просторен план, распоред, копија од email комуникација, дневник за пристап, запис и слично – сите упатства, евиденција и насоки кои ќе ви се потребни за да го расветлите случајот.

  • 2 главни задачи
  • 10 страници извештаи за распит
  • 5 страници евиденција
  • 7 картички за насоки
  • 2 локации за одговори

 

ЗА КОГО Е ОВАА ИГРА?

Оваа игра, наменета за истражувачи почетници, е на релативно лесно ниво и ќе послужи како вовед кон наредните игри на мистерија кои планираме да ги издадеме. Преку самата „истрага“, играта ќе ве води од почетокот до крајот и резултатот може да биде успешен или неуспешен, во зависност од тоа какви одлуки сте направиле.

Приказната е фиктивна и сите ликови се измислени. Секоја сличност со вистински луѓе е случајна и ненамерна.

 

НАЧИН НА ДОСТАВА

Играта ќе биде доставена преку карго служба. Откако ќе направите нарачка, ние ќе ја изготвиме играта за 1-2 дена и потоа ќе ја испорачаме преку карго. Времето на достава е оговорност на карго службата, но е најчесто помеѓу 1 до 5 работни денови.

 

ПЛАЌАЊЕ

Плаќањето се врши при достава од карго службата. Плаќање со кредитни или дебитни картички моментално е недостапно и е предвидено за во блиска иднина.

 

Погледнете ги сите детали